Мислевме дека сѐ сме виделе на фудбалските терени, но сепак не е така, бидејќи аргентинскиот фудбалер Леандро Фернандез на натпреварот помеѓу Индепендиенте и Расинг бил погоден со риба.
Сирова риба најверојатно била фрлена кон него од еден од навивачите на Расинг, со која бил удрен во левата страна од лицето, по што фудбалерот завршил на земја.
За се да биде уште побизарно, лекарите морале да дојдат да му помогнат, да го прегледаат и да го изнесат на носилки.
31-годишниот играч од Индепендиенте на крајот успеа да се вратил на теренот, а инцидентот се случи на почетокот на вториот дел.
In a South American match last night a player was hit by a fish thrown at him by an opposing fan. @StoolFootball pic.twitter.com/VVjQhke8yF
— Barstool Sports (@barstoolsports) July 19, 2022
Расинг на крајот успеа да победи со голот на Габриел Хауче во деветтата минута.