СДСМ: Мицкоски да им се извини на своите сопартијци за сите навреди, колнења и хушкања кои ги тераше да ги кажуваат

од Nikola Popovski
136 прегледи

Еве му прилика на Христијан анти ЕУ Мицкоски, вечер, на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на своите сопартијци што ги лажеше, велат од СДСМ на вечерашниот состанок на најголемата опозициска партија.

СДСМ исто така бара Мицкоски да им се извини што во ЕПП прифати нашата земја да биде срамно претставена со кратенка од регистерка табличка.

-Да им се извини за сите навреди, колнења и хушкања кои ги тераше да ги кажуваат само за да ја спасат неговата политичка кариера. Им должи Мицкоски извинување и за неуспешните крвави сценарија за предизвикување дестабилизација и етнички конфликт во дравжата, за обидот за блокада на европскиот пат на државата.

Секако доблесно би било и да потврди дека македонскиот јазик со чиста формулација без фусноти станува дел од преговарачкиот процес со ЕУ но тоа е прмногу да се бара од Мицкоски, велат од владеачката СДСМ.