Танкер со руско ѓубриво плови кон Соединетите Држави поради голема загриженост дека глобалните цени на ѓубривата би можеле да доведат до недостиг на храна, пишува „Ројтерс“.
Танкерот „Џони Ренџер“ во понеделник треба да пристигне во Њу Орлеанс со околу 39.000 тони раствор на уреа амониум нитрат, ѓубриво произведено со комбинирање на уреа, азотна киселина и амонијак, наведуваат изворите на британската агенција, пренесува РТС.
Бродот беше натоварен минатиот месец во Санкт Петербург. Деталите за рускиот продавач и американскиот купувач не беа веднаш достапни, а американското Министерство за финансии и Царината и граничната заштита на САД одбија да коментираат.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не ги стави на црната листа на руските земјоделски производи или ѓубриво по нападот на Москва врз Украина, но многу западни банки и трговци се оддалечија од руските пратки поради стравот дека ќе наидат на проблеми, бидејќи регулативите брзо се менуваат.
Вашингтон ја санкционираше руската сурова нафта, нафтените деривати, јагленот и течниот природен гас.