„На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Повеќе автомобили утринава се оштетени во катната гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“.
Според фотографиите објавени во медиумите, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати.