Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи.
Од утрово, податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги Илиев, зборуваат дека тој е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори.
Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар.
Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро, велат од ЦУК.