СДСМ: Барањето референдум е фарса на Мицкоски исто како за Преспанскиот договор

од Nikola Popovski
192 прегледи

Барањето на Христијан Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието, против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ е ништо друго освен негова фарса наменета исклучиво за внатрепартиски потреби. Граѓаните знаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараа референдум и за Договорот од Преспа, а на крај тој референдум го бојкотираа, велат од СДСМ на барањето на најголемата опозициска партија за референдумско изјаснување за преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

Според владеачката партија, „откако потонаа сите лаги и се виде дека ниту има бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со чист македонски јазик во ЕУ Мицкоски сака со неговото пропаѓање да ги повлече и граѓаните“.

СДСМ категорично соопштува дека референдум против македонски јазик во ЕУ нема да поддржи.

-Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев останаа изолирани на погрешната страна на историјата, против Европската унија, против стратешките определби на земјата и граѓаните, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.