Навреди и морбидни пораки за Ковачевски и Пендаровски на Википедија

од Nikola Popovski
162 прегледи

Нови навреди на англиската верзија на Википедија за дел од функционерите во државата. Денес на удар се најдоа претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

На страницата на Википедија за Пендаровски беше додадено средното име „стока“ во воведниот дел каде што ја пишува неговата автобиографија.

Во еден момент на страницата за Ковачевски беше додадено „ќурка“, а најморбидно беше што засега непознат администратор на Википедија напишал датум на смрт кај премиерот, при што стоеше 2-ри август 2021 година.

Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, пишувало дека е премиер на Бугарија.

Во моментот, повторно е вратена оригиналната содржина и навредите се избришани.

Во текот на вчерашниот ден имаше слични хакерски напади и на англиската верзија на Википедија за шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Кратко време на страницата покрај сликата пишуваше „Бугар Осамени“, па потоа и во описот беше додадено known as a Bugar Osmanov (познат и како Бугар Османов).