Нов пожар во земјава, интервенираат 12 пожарникари

од Nikola Popovski
150 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во 13:30 часот започнат е пожар во поле, а подоцна истиот е проширен во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.

-Во гасењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 4 ПП возила, уште 3 пожарникари во моментот се испратени од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од ШС од Гевгелија.

Со пожарот зафатено е прнар и нискостеблеста шума, појаснуваат од ЦУК.