Пожарникарите на готовс, активни пожари на неколку места

од Берта Китинска
205 прегледи

Беснеат пожари на неколку места во земјава.

Огнената стихија, во селото Ѓавато е на 150 метри од селото и свртен во правец на црквата и гробиштата и не е навлезен во селото, јавува РЦУК од Струмица.

Дежурните пожарникарски мешани екипи се распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и ќе се обидат да ја одбранат таа линија утрово, иако огнот вчера зафатено само една стара истурена куќа на перферија од селото.

На некои места има пожар поради ветерот, а на терен од вчера се 2 возила и 12 пожарникари, а во текот на ноќта имало дежурни екипи до утрово од ТППЕ Гевгелија, односно останале 5 пожарникари и 2 возила.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчеравечер околу 20 часот соопшти каде се уште има активни пожари во земјава.

„Во Кумановско кај Кока гори сува трева, с.Проевце кај Ловечки дом гори борова шума. Пожарите се продизвикани од удар на гром.Кичево-с.Туин каде гори сува трева и нискостеблеста шума.Велес-помеѓу селата Голозинци и Лисиче, општина Чашка каде гори сува трева и нискостеблеста шума.Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. Пожарот е предизвикан од удар од гром“, соопштија од ЦУК.