(ФОТО)Искршени околу 20 возила со македонски таблички на две туристички места во Грција

од Nikola Popovski
397 прегледи

Дузина автомобили со македонски регистарски таблички се искршени на грчките туристички места, Калитеа и Афитос. Според сликите објавени на социјалните мрежи, искршени се стаклата од возилата и има дупнати гуми.

-Ова е срамен чин на најобични будали врз основа на кој цел народ ќе биде окарактеризиран како таков. Ако некој од вас е меѓу нив, веднаш отидете во полиција во Касандра, многумина веќе пријавиле и инсистирајте да се погледнат камерите долж целиот пат бидејќи тоа не се случило на едно место, туку на неколку локации, стои во објавата на Фејсбук-групата „Grcka uzivo“, каде многу туристи од Македонија и Србија објавуваат за новости, поплаки и известувања околу патувањата во Грција.

Според објавата, станува збор за околу 20 возила со македонски таблички.

Една членка на Фејсбук-групата ги предупреди и оние кои се во близина на овие места да ги преместат своите автомобили со цел да ги заштитат, од како што вели, вандали и ултранационалисти.

 

Слични содржини