Полицијата лови со ноќен радар: За четири часа пишани 46 казни за брзо возење

од Берта Китинска
182 прегледи

Во текот на изминатата вечер (27/28.07.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 46 возачи. Од нив, 36 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 10 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.