Муареми: Намерно исценираните и неосновани напади доаѓаат од еден ист центар

од Берта Китинска
394 прегледи

Јас како директор, како и вработените во Управата за финансиска полиција препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во завиност од надлежностите на институцијата, вели во изјава за „Локално“, Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција

Тој потенцира дека намерата на овие напади е повеќе од очигледна, додвајќи дека во интерес на „излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари“.

-Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите НА НАДЗОР И КОНТРОЛА активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција.Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред смислени сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности, подвлекува Муареми.

Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на службата се трите дела поради кои директорот на Управата за финасиска полиција добил кривична пријава од бизнисменот од Дебар која беше објавена во медиумите.

Новата кривична пријава се објавува во исто време кога директорот на финансиската полиција поднесе претставка за незаконски претрес откако обвинителството на Вилма Русковска влезе во Финансиската полиција.

Слични содржини