Млад скопјанец пронајден мртов во својот стан

од Nikola Popovski
230 прегледи

Безживотно тело на млад скопјанец пронајдено во стан во Скопје, информираат од МВР.

-На 27.07.2022 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат Г.А.(22) од Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од полицијата.