Играчот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти е обвинет за силување, објави Pulse Nigeria. Според изворот, 29-годишниот играч од Гана е обвинет за напад на девојка, која побарала анонимност. Таа споделила слики од екранот (скриншот) од пораките што ги разменувала со Парти.
„Томас Парти е сериски силувач кој имаше среќа бидејќи датумот кога реши да ме силува за време на нашиот заеднички одмор беше 10 дена пред Обединетото Кралство да го промени законот за да и дозволи на полицијата да истражува злосторства извршени во странство. Ме силуваше, ме остави без свест во кревет, па отиде на забава на Ибица, се врати, ми се насмеа во лице и ми рече дека не можам да го одбијам“, напиша девојката со прекар @deffonotchaur, на социјалната мрежа „Твитер“.
Девојката тврдела и дека и било платено да не зборува за овој инцидент.
Парти и неговите адвокати допрва треба да одговорат на наводите за силување на жената. Во јули, играчот беше обвинет за злоупотреба од неговата сопруга, моделот Сара Бела. Според пишувањата на медиумите, причината била тоа што тој одбил да ја запроси.