Чоколадни коцки со кикирики

од Берта Китинска
209 прегледи

Комбинацијата од кикиритки и чоколадо никого не остава рамнодушен!

Овој деликатес е готов за десет минути, а на сите ќе им се допадне.

230 гр путер од кикирики
200 гр путер
250 гр мелени бисквити
200 гр чоколадо
220 гр шеќер во прав
1 лажица масло

Подготовка:

Омекнатиот путер измешајте го со мелените бисквити, па додајте ги шеќерот во прав и путерот од кикирики.Се замесува со раце, за да се добие еднаква смеса.

Смесата ставете ја во плех во квадратна форма обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете го. Чоколадото скршете го, па стопете го со масло на пареа или на умерен оган, но внимавајте да не изгори.
Тортата ставете ја во фрижидер и по половина час исечете ја на коцки и послужете.

Слични содржини