Аудио запис, на кој наводно се слуша гласот на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, вчера осамна на социјалните мрежи.На снимките се вели дека екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски бил „заборавен“ во притвор два месеци.
Шефицата на Основното јавно обвинителство во изјава за медиумите вели дека зборот „заборавен“, бил кажан фигуративно.
Вилма Русковска ги прекрши етичките правила, пишува на фејсбук поранешната пратеничка Фросина Ременски, коментирајќи го аудио записот што се појави на социјалните мрежи.
Скандалозна аудио снимка на Вилма Рускоска: Намерно го заборавив!
Македонците нека ја слушнат оваа аудио снимка да знаат со кого си имаат работа.
Рускоска намерно држи луѓе во притвор, во затвор. pic.twitter.com/RR6S7m3JrN
— Pravda za site vo Makedonija (@pravda_vo_mak) July 29, 2022
Според Ременски, Русковска од позиција на моќ за прогон, свесно и немарно ги прекршила правата на лице кое како што пишува Ременски, по нејзин селективен критериум било одбрано да добие притвор.
Поранешната пратеничка ги повика да реагираат првиот човек на Обвинителство, Љубомир Јовески, како и Советот на јавните обвинители.
„Секое свесно и намерно прекршување на законските и етичките правила од страна на обвинител во било која фаза од кривичната постапка што ја води е недозволена и казнива и претставува основ за разрешување на јавен обвинител“, пишува Ременски.