Јас немам никакво разбирање за нивното барање за референдум, станува збор за една манипулација на Мицкоски, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Канал 5 во врска со барањето на опозицијата да се организира референдум за преговарачката рамка.
-Зар мислите ли човекот кој учествувал во Преспанскиот договор, бил дел од Договорот за добрососедство, верувате дека може да каже дајте сега рефредум? На Мицкоски му треба политичка мобилизација и вели и Пендаровски мисли исто. Мислам дека е фер ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се дефинираат за тоа што се, вели шефот на државата.