Она што председателот Вучиќ го изјавува тоа и го мисли, Србија со својата политика во последните неколку години докажува дека сака мир на Балканот , не за интересите на разни куртовци и муртовци и разни полтрони на американската политика и нејзините слепопослушници од Брисел, вели во разговор за „Локално“, председателот на Заедницата на Срби во Македонија, Зоран Жугиќ во врска со тензиите помеѓу Србија и Косова и Метохија.
Тој вели дека Русија и целиот слободарски свет „овој пат ќе застанат позади интересите на Србите во нивната држава посебно во срцето и душата на српскиот народ Косово и Метохија“.
-Кога ќе се најдете во тешка ситуација и вие и било кој , се вртите кон своите роднини и пријатели, не можете да барате помош од непријателот. Русија се докажала како долгогодишен пријател на Србија и бидете сигурни дека добро го разбираат проблемот на Србија со Косово и Метохија и кој стои зад сите овие провокации, смета Жугиќ.
Претседателот Вучиќ и Премиерот Курти си разменија обвинувања за тензичната ситуација на Косово во изминативе неколку дена. Дали проблемот со српските регистарски таблички и документи е вистинскиот проблем или зад ова се крие поголем план за дестабилизација во регионот?
-Проблемот со српските регистарски таблички е проблем, од два аспекта.Првиот е дека во Косово и Метохија од страна на албанските таканаречени власти никој нема ништо да стори ако не добие дозвола од америчкиот преставник на Косово и Метохија, што алудира дека на некого во Вашингтон и Брисел му е потребна оваа тензија!А, од технички аспект ако го гледате проблемот је проблем, но повторувам се користи како иницијална каписла за да се испровоцираат Србите на Косово и Метохија и да се преземат чекори кон нивно протерување од вековните огништа.На крај краева споредете го со проблемот на бугарските таблички во Македонија, тоа ви е исто како да сега македонската влада преземе чекори за непризнавање на бугарските таблички, па размислете што би се случило!
Зошто токму сега и дали сето ова може да се поврзе со настаните во Украина?
-Во политиката нема ништо случајно!Настаните во Украина се дел од еден поголем процес кој е започнат и каде имаме редефинирање на светската политика и присуствувате на изумирањето на нео либералното владеење во светот, за кое Американската хегемонистичка политика е најзасегната.Голем дел од светот сака да своите држави ги раководат суверено во интерес на своите народи, а не да бидат тероризирани од мала група луѓе кои го замислуваат светот како своја приватна сопственост. Така да со наближувањето на крајот на интервенцијата на силите на Доњецката и Луганската Република потпомогнати со руските воени сили и очекуваниот дебакл на нацистичките и фашистичките орди во Украина , некој проценил дека е потребан дестабилизација на Балканот , посебно на Србија.
Вучиќ ги повика и Западот и Истокот „да ги остават на мира за да Србија си го избере својот пат и да живее во мир“. Искрен ли е тој во овие повици?
-Бидете сигурни дека она што председателот Вучиќ го изјавува тоа и го мисли, Србија со својата политика во последните неколку години докажува дека сака мир на Балканот , не за интересите на разни куртовци и муртовци и разни полтрони на американската политика и нејзините слепопослушници од Брисел, туку заради интересот нс српскиот народ во Србија и севкупно на Балаканот!
Видовме веднаш и реакција од Русија, за проблем кој на прв поглед не би требало да ги засегнува со оглед дека имаат своја војна во Украина. Дали е тоа доволен знак на кому всушност му се обрати Вучиќ?
-Кога ќе се најдете во тешка ситуација и вие и било кој , се вртите кон своите роднини и пријатели, не можете да барате помош од непријателот. Русија се докажала како долгогодишен пријател на Србија и бидете сигурни дека добро го разбираат проблемот на Србија со Косово и Метохија и кој стои зад сите овие провокации. И сметам дека Русија и целиот слободарски свет ( не мислам на накарадната западна квазидемократија ) овој пат ќе застанат позади интересите на Србите во нивната држава посебно во срцето и душата на српскиот народ Косово и Метохија.
Од Курти и (претседателката) Османи, досега видовме цврст став во однос на барањата на Србите на северот на Косово, тука вклучувајќи и формирањето на ЗСО. Тие целосно и ги отфрлаат барањата на Западот за почитување на веќе договореното, па на каде води сето ова во однос на дијалогот на двете земји, кој се води во Брисел?
-Па , со самото одбивање на веќе договорените работи во Брисел во преговорите со таканаречените власти во Приштина треба да ви е јасно кој ги крши сите договори и презема чекори надвор од резолуцијата 1244 на советот за безбедност при ОН . Сите преземени чекори се во контекст на рушење на преговорите и од страна на Албанците никогаш немало искрени намери за позитивно завршување на преговорите, но не заборавете дека ни со малиот прст Курти и Османи нема да мрднат ако некој од ЦИА не им каже што треба да работат.
Дали очекувате прелевање на кризата во другите земји на Балканот?
-Очекувам, ако не преовлада разумот можно е да се створат услови за поголема криза која би се решавала и по воен пат така да ќе биде неизбежно и прелевање на кризата и кај соседите на Балканот и посебно во Република Македонија што најповеќе не плаши , бидејќи состојбите во нашата држава се исто така кревки и обременети со многу проблеми , така да во моментов тоа никому не му е потребно, мислам на обичниот народ Србите, Албанците и Македонците. Имаме доволно кризни ситуации така да тоа би било погубно за народот.Оваа криза има одговара само на хиените на војната олицетворени во неолибералните демократии од западот кој го губат тлото под нозете и единствена опција за спас им е нова ТРЕТА светска војна каде тие единствено ќе профитираат. Треба сите да сватиме дека САД се во банкрот и единствен спас им е во воен конфликт од големи размери со Русија и Кина каде ќе бидат вовлечени сите европски држави а ќе гинат малите народи во првите нивни борбни редови.За крај : Србите имаат една убава поговорка кој треба да ја разбереме , велат: „У РАТУ ДРЖАВА ДАЈЕ ТОПОВЕ, БОГАТАШИ ДАЈУ ВОЛОВЕ, А НАРОД ДАЈЕ СВОЈЕ СИНОВЕ!“
Б.М.