После смртта на поранешната шефица на македонската диполоматија, Илинка Митрева, се огласи и претседателот Стево Пендаровски. Тој на социјалните мрежи напиша дека Митрева даде свој автентичен печат на македонската внатрешна и надворешна политика, со што се вгради во современата македонска држава.
-Како долгогодишен пратеник во Собранието, претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, шеф на македонската собраниска група за соработка со Европскиот Парламент и особено како министер за надворешни работи, Митрева даде голем придонес кон европските и евроатлантските интеграции на нашата држава, се прости Пендаровски од поранешната министерка и пратеничка во Собранието.
-Нема зборови што ќе ја надоместат големата загуба за семејството и пријателите. Верувам дека нејзиното дело ќе продолжи да живее во спомените на македонските граѓани, додаде Пендаровски.
Првиот пат беше министерка за надворешни работи од 13 мај до 23 ноември 2001 година, кога поднесе оставка, но по победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година, таа повторно ја извршуваше функцијата од 1. ноември 2002 до 26. август 2006 година.