Не личи за ниту еден политичар во очи на најголемиот национален и државен празник, Илинден, да го хушка народот и да шири невистини. Но, кога е Мицкоски во прашање нема ништо свето ниту значајно за него, велат од СДСМ како реакција на изнесените ставови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од партијата истакнуваат дека „граѓаните се за ЕУ, а само Мицкоски е против, заедно со неговиот партнер Димитар Апасиев, кој за Илинден си се шета низ улиците на една соседна држава“.
-Тоа е друштвото против ЕУ кое брани туѓи интереси, потенцираат од владеачката партија.
Мицкоски вечерва порача дека неговата партија нема да се откаже од референдумско изјаснување.
-Само народот е владател на својата држава. Ниту Христијан, ниту Пендаровски, ниту Коваченвски, ниту Ахмети, ниту Села, ниту Касами, никој од нас не е, туку народот е стопан на својата држава и тој треба да одлучи, изјави Мицкоски.