Несакани ефекти од консумирање на лубеница во големи количини

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Летото е во полн ек, а со тоа и сезоната на совршено слатки и сочни лубеници. Покрај бројните летни намирници кои можат да не освежат и да ни обезбедат нутритивно богатство, лубеницата е една од најпопуларните поради мирисот и вкусот.

Експертите велат дека консумирањето премногу лубеница има и многу несакани ефекти

И покрај нејзините извонредни придобивки, јадењето лубеница во големи количини всушност може да му наштети на вашето тело.

Лубеницата е одличен извор на вода и подеднакво добар извор на диетални влакна. Сепак, конзумирањето големи количини може да доведе до дигестивни проблеми како што се дијареа, надуеност и гасови. Содржи сорбитол, кој е соединение на шеќери што поттикнува течна столица и проблеми со гасови. Друга честа причина за ваквите проблеми е содржината на ликопен, пигментиран антиоксиданс кој ѝ дава боја на лубеницата.

Ако сте дијабетичар, голема е веројатноста дека премногу лубеница може значително да го зголеми нивото на шеќер во крвта. Иако е здрав, има висок гликемиски индекс, дури 72.

Луѓето кои редовно пијат алкохол треба да избегнуваат големи количини на лубеница бидејќи високото ниво на ликопен може да реагира со алкохолот и дополнително да предизвика воспаление на црниот дроб. Прекумерниот оксидативен стрес на црниот дроб може да биде штетен.

Труењето со вода или прекумерна хидратација е состојба кога вашето тело има вишок вода во него, што доведува до губење на содржината на натриум. Конзумирањето на голема количина лубеница може да го зголеми нивото на водата во вашето тело. Доколку вишокот вода не се излачува, тоа може да доведе до зголемување на волуменот на крвта, што дополнително предизвикува отекување на нозете, исцрпеност, дури и оптоварување на бубрезите. Исто така, може да доведе до губење на нивото на натриум во телото.

Познато е дека лубеницата е одличен извор на калиум, кој е витален нутриент со бројни улоги во одржувањето на здравјето на организмот. Помага во одржување на функцијата на електролитите, го одржува нашето срце здраво и ги прави нашите коски и мускули посилни. Сепак, премногу калиум може да доведе до кардиоваскуларни проблеми како што се неправилно чукање на срцето или слаб пулс.

Колку лубеница може да се изеде дневно?

Според нутриционистот и физиолог Ритеш Баври, „100 грама лубеница има околу 30 калории. Со оглед на тоа дека најголемиот дел од нејзината содржина е вода, лесно е да се изеде дури и 500 грама, што значи дека штотуку сте изеле 150 калории. Бидејќи е лесна за стомакот, можеби нема да се чувствувате сити, што ќе ве натера да јадете повеќе отколку што треба, а може да посегнете по друга храна по неа бидејќи не ви е доволна“.

Тој додава дека лубеницата содржи шест грама шеќер на 100 грама, така што 500 грама лубеница на крајот би ви дале 30 грама шеќер. Идеално е за повеќето луѓе да јадат помеѓу 100 и 150 грама шеќер дневно од сите намирници заедно. Шеќерот од лубеница ви ја зголемува оваа бројка“.

Јадењето лубеница не е лошо, но вишокот од се може да биде нездраво, дури и од нешто здраво како лубеницата, пишува food.ndtv.com.

Слични содржини