Има 250 милиони евра, но нема да ја напушти Барса додека не го добие последниот цент

од Nikola Popovski
229 прегледи

Барселона се обидува да направи се за да ја прекине соработката со Мартин Брејтвајт.

Договорот меѓу клубот и играчот е со важност уште две години, но бидејќи тој е далеку од плановите на Чави Ернандез, Барселона се обидува да се ослободи од него.

Сега тој е подготвен да го раскине договорот со меѓусебен договор, што значи дека на играчот ќе треба да му ги платат сите осум милиони евра доколку сакаат предвреме да се ослободат од него.

Каталонците сакаат да се ослободат од вишокот играчи за да го почитуваат финансискиот фер-плеј и на тој начин да можат да регистрираат засилувања.

Барселона може да отпушти фудбалер, а да не добие парична казна од ФИФА. Играчите постари од 28 години може да добијат отказ, иако имаат уште две години договор без пенали за клубот.

Во сите други случаи важи забраната за пријавување играчи во следните два трансфер периоди.

Данецот пристигна во Каталонија во 2020 година, но не сака да си замине иако е еден од најбогатите фудбалери во светот. Според „Форбс“ тој е „тежок“ 250 милиони евра. Основал компанија со член на семејството, а се занимава со недвижности пред се во САД.

Слични содржини