СДСМ: Маврово и Ростуше обединето во поддршката за Медат Куртовски

од Nikola Popovski
174 прегледи

Маврово и Ростуше е обединето во поддршката за Медат Куртовски. Генералниот секретар, Миле Зечевиќ, денеска беше со жителите на Присојница, каде се реализирани низа проекти од локалната власт, велат од СДСМ.

Од владеачката партија појаснуваат дека мештаните на Присојница знаат дека СДСМ ветеното го исполнува.

-Изградба на локалниот пат “Надабје” до селото Присојница, локалниот пат со кој се поврзуваат населените места Присојница и Аџиевци…Над 60 проекти се реализирани во општината Маврово и Ростуше, а уште толку од кои и капитални проекти кандидатот за градоначалник Медат Куртовски има предвидено во новиот мандат. Маврово и Ростуше станува поврзана општина, еднаква за сите граѓани, соопштија од СДСМ.