318
Многу вкусна овесна каша која заситува.
Состојки:
– 2 лажици кокосово брашно
– 3/4 чаша вода (шолја 2дл)
– малку сол
– 1 изматено јајце
– 1,5 лажици путер
– 1 лажица слатка павлака
– 1 лажица кафеав шеќер
– овошје по ваш избор
Подготовка:
Во мало тенџере ставете го кокосовото брашно, прстофат сол и вода.
Се меша и се става на шпорет на средна температура. Мешајте додека не почне да се згуснува.
Тргнете го тенџерето од шпоретот, па полека додајте го изматеното јајце со постојано мешање.
Вратете на шпорет и варете со мешање додека не се згусне кашата.
Се трга од шпорет и се меша околу половина минута, па се додава путерот, слатката павлака и шеќерот.
Послужете во сад, а потоа додадете овошје по избор.
Послужете топло.