ДУИ вечерва во Тетово ја одржа конвенцијата на која беа промовирани кандидатите од листата за советници за Советот на општина Тетово. Пред присутните се обратил и лидерот на партијата, Али Ахмети.
Тој во својот говор порачал дека сите нивни капацитети ќе бидат во служба на советниците и раководителите на ресорите што ги водат.
-Тетово е центарот на нашите национални достигнувања, извор на напредок кој зрачи насекаде, па не можеме да го оставиме на милост на судбината. Нашите проекти се долгорочни и стратешки, нашите планови се на 5 години, 15 години, 20 години. Ние не правиме политики денес за утре, кажал Ахмети.
Претседателот на ДУИ додал и дека вложиле во правилна организација и политичко етаблирање на партијата со сите профили и специјалисти во потребните области.