Арсовски: Оставка на Стојчевска заради цензурата на културата

од Vladimir Zorba
204 прегледи

„Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се во улога на „Големиот брат” како во орвеловата книга 1984, Стојчевска сака да диктира и да цензурира уметниците што смеат, а што не смеат да пишуваат во своите дела“, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Протоколот кој го потпиша владата на Ковачевски и овозможува на Бугарија секое уметничко творештво да го оценува дали преставува говор на омраза и таквите дела од културата да не смеат да бидат финансирани со народните пари. Ете затоа скафандер министерката за култура дава цензурирачки насоки до уметниците да не творат дела со историски наратив. Оттука е и нејзината скандалозна изјава која што сите за жал ја слушнавме: „Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор“, што според неа е „нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“, вели Арсовски.

Слични содржини