МВР известува за инцидент во текот на вчерашниот ден на плоштадот „Скендерберг“. Имено, навивачи на фудбалскиот клуб Шкупи нападнале осум шведски навивачи кои пристигнале во земјава во пресрет на реванш-натпреварот меѓу тетовска Шкендија и АИК од Стокхолм од третото квалификациско коло во Конференциската лига, кој треба да се одигра утре.
Полицијата информира дека во 18.45 часот во полициската станица Бит Пазар е пријавено дека група лица-навивачи на ФК Шкупи физички нападнале осум државјани на Шведска кои во Скопје дошле во врска со натпреварот.
-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција веднаш интервенирале и се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од МВР.
Шкендија во првиот меч во Шведска успеа да одигра нерешено 1-1 против АИК. Утрешниот натпревар се игра на арената „Тоше Проески“.
View this post on Instagram
Од видеото објавено на социјалните мрежи, може да се забележи поголема група на лица во обележја на тимот од Чаир и гужва кај плоштадот „Скендербег“.
На видеото е забележливо и присуство на полицајци кои се обидуваат да интервенираат.