Во ресенско откриена нелегална сеча на дрва

од Nikola Popovski
225 прегледи

На 11.08.2022 во 09.15 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Ресен и Надворешната канцеларија за криминалистички работи бил лишен од слобода М.Н.(46), кој бил затекнат при бесправна сеча на огревни дрва, од кои дел биле натоварени на возило.

Извршен е увид на местото на настанот. Истиот ден, во 11.00 часот полициски службеници, постапувајќи по планот за „Безбедно лето 2022”, на место викано „Бела Вода“, атар на с.Златари, пронашле патничко возило „сеат толедо“, со ресенски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без соодветна документација.

Возилото и дрвата се предадени на ЈП „Национални шуми”- подружница Ресен, а по документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини