Вистинската драма во Бруклин продолжува, а овој пат во центарот на вниманието не е трејдот на Кевин Дурент. Американскиот новинар Рик Бучер ги откри деталите од преговорите со Кајри Ирвинг, кој на првиот човек на Нетс му претставил неверојатни барања. Човекот кој го пропушти најголемиот дел од минатата сезона затоа што не сакаше да се вакцинира, сега отиде чекор понатаму.
Тој има идеја да не игра повеќе од 20 натпревари во една сезона, дури и кога е целосно здрав и подготвен да се појави на паркетот!
-Џо Цаи се покажа како тежок преговарач бидејќи максималниот договор за Кајри Ирвинг не доаѓаше во предвид. Ми кажаа дека Кајри има неверојатни барања за нов договор. Тој сакаше да игра помалку од 60 натпревари по сезона и никогаш да не игра два дена по ред затоа што го смета за нехумано, изјави новинарот Бучер, кој добро ја познава ситуацијата во Бруклин.
Минатата сезона Кајри Ирвинг одигра само 29 натпревари во НБА, но причина за тоа не беше неговиот договор со тимот. Бидејќи не беше вакциниран, Ирвинг не можеше да игра на својот домашен паркет, а исто така пропушти и бројни гостувања на Бруклин Нетс.