Иако лаикот со години слуша дека јаглехидратите се практично бескорисни и дека само дебелеат, тоа не мора да е така. Јаглехидратите се хранливи материи кои на телото апсолутно му се потребни за да функционира. Затоа, нема потреба да ги избегнуваме јаглехидратите или целосно да ги исфрлиме од нашата исхрана.
Иако некои јаглехидрати навистина дебелеат, има многу намирници од оваа група кои се исклучително здрави, но и корисни за слабеење. На пример, можете да ги јадете следните јаглехидрати без грижа на совест, пишува магазинот City.
Тиква
Тиквата е храна која може да се конзумира како прилог, дел од салата, ужина, предјадење, главно јадење и десерт. Има прилично ниска калориска вредност, но во исто време има и многу влакна кои благотворно делуваат на варењето и предизвикуваат подолго чувство на ситост, па можете да спречите прекумерно внесување на друга помалку здрава храна.
Бобинки
Има ли некој што не сака грозје, боровинки, рибизли и други бобинки? Многу се богати со антиоксиданси, а исто така се нискокалорични. Поради високата содржина на витамини, бобинките го зајакнуваат имунолошкиот систем и дури можат да имаат антиинфламаторно дејство.
Хељда
Хељдата е вистинска суперхрана. Има малку повеќе протеини од оризот и тестенините, а исто така не содржи глутен, што ја прави погодна дури и за луѓе кои тешко го варат овој протеин.
Ви препорачуваме за појадок да се почестите со каша од хељда, а следната пита да ја направите со кори од хељда.
Овес
Дали понекогаш немате идеја што да подготвите за појадок? Зошто да не се почестите со овесна каша. Со оглед на тоа што овесот има многу влакна, го одржува чувството на ситост и на тој начин го спречува прекумерното консумирање храна.
Кога подготвувате, задолжително изберете овесна каша без додаден шеќер, а во житарките додадете малку овошје или јаткасти плодови за дополнителен вкус.
Слатки компири
Дали и вие уживате во слатки компири? Ако одговоривте да, имаме добри вести за вас. Всушност, оваа храна може да ви помогне да изгубите тежина. Слаткиот компир помага во забрзување на метаболизмот, а нивната калориска вредност не е превисока.
Само внимавајте да не претерувате со количината на маснотии при подготовката.