Финската премиерка се брани по контроверзното видео: „Не користев дрога“

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Финската премиерка Сана Марин ги отфрли обвинувањата дека се дрогирала откако на социјалните мрежи се појавија снимки од ноќно излегување на кои се гледа како премиерката лудо се забавува со пријателите.

На гореспоменатите снимки, наводно можеле да се слушнат неколку нејзини пријатели како разговараат за кокаин. Откако видеото го здогледа светлото на денот, некои политичари ја повикаа младата премиерка да биде тестирана за дрога.

– Вознемирена сум што овие снимки станаа јавни. Се работеше за ноќно излегување со пријателите. Забавата, иако е побурна, вклучува само танцување и пеење – изјави Марин за медиумите.

Таа истакна дека забавата била одржана во приватна резиденција пред неколку недели, а потоа продолжила во два локала во Хелсинки. Марин негираше дека сторила нешто лошо, но се пожали на нарушување на приватноста и додаде дека очекува она што го прави приватно да остане доверливо.

На снимката, која се појави на социјалните мрежи на почетокот на неделава, се гледа како 36-годишната финска премиерка лудо се забавува со неколку јавни личности, главно од светот на забавата, но и меѓу пратеничката Илмари Нурминен (31).

– Немам што да кријам. Не користев дрога, па немам проблем да се тестирам – изјавила Марин за новинарите.

Љубовта на Марина кон ноќниот живот стана проблем минатата година, кога таа излезе со сопругот, неколку часа откако еден член од нејзиниот кабинет беше позитивен на тестот за ковид-19. Имаше конфузија околу тоа дали вакцинираните луѓе како неа треба да се самоизолираат по изложувањето. Таа подоцна се извини што не ги проверила здравствените упатства на нејзината влада.

Слични содржини