Атлетико не сака да плати 40 милиони за Гризман

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Раководството на Атлетико Мадрид нема намера да ја активира откупната опција во договорот на Антоан Гризман. „Јорганџиите“ сакаат да го задржат Французинот кој е на позајмица од Барселона, но не за сумата од 40 милиони евра впишана во договорот меѓу двата клуба.

Проблемот е што откупната клаузула ќе стане задолжителна доколку Гризман одигра најмалку 45 минути во 50% од натпреварите на Атлетико во сезоните 2021/22 и 2022/23. Затоа се очекува мадриѓаните да ги бараат колегите од „Камп Ноу“ со предлог повторно да се преговараат за условите под кои напаѓачот повторно ќе стане нивна сопственост.

На отворањето на Ла Лига против Хетафе, Гризман влезе како замена во 61. минута и го постигна последниот гол во победата на Атлетико од 3-0.

Диего Симеоне на вчерашниот тренинг, пак, го тестираше францускиот интернационалец како играч за врска.

Слични содржини