Богоев: Анкетите на ВМРО – ДПМНЕ се лажни и неточни

од Берта Китинска
273 прегледи

На својот Фејсбук профил потпретседателот на СДСМ и шеф на Центарот за истражување и анализа, Стефан Богоев напиша дека по вчерашните избори се потврдило дека анкетите на ВМРО – ДПМНЕ се лажни и неточни.

-ВМРО – ДПМНЕ: 0 градоначалници
Левица: 0 советници
Алијанса: 0 советници
Според оваа анкета од пред 2 недели, ДПМНЕ, Левица и Алијанса вчера требаше да бидат апсолутни победници на изборите во трите општини.
Се потврди дека анкетите на ВМРО – ДПМНЕ се лажни и неточни
Се потврди дека национализмот ниту кај македонците, ниту кај албанците не носи гласови
ВМРО – ДПМНЕ, Левица и Алијанса ги загубија изборите, напиша Богоев.

Слични содржини