Бугарите во Албанија бараат помош од Радев поради „притисокот“ од Македонците

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Бугари од Албанија инсистираа на итна средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Се жалат дека на нив им се префрла бугарско-македонскиот спор. Нивната загриженост е предизвикана од можното одвојување на два региони во Албанија – Голо Бурдо и Гора, во посебни општини. Таму е концентрирано бугарското малцинство, признато од Парламентот во Тирана во 2017 година, но организации блиски до Скопје тврдат дека населението во овие области е македонско.

Бугарската заедница во Албанија, тврдат оттаму, со векови живела во областите Мала Преспа, Голо Бурдо и Кукушка Гора. Поделбата на Голо Бурдо и Гора во посебни општини, велат, ќе му овозможи на тамошното компактно бугарско население полесно да привлекува инвестиции, да го докаже своето бугарско потекло и да побара помош од Бугарија.

„Наша територија – сите патишта се земјени патишта, немаме ниту еден пат со асфалт. Многу е тешко да се влезе на нашите територии. Немаме ниту еден пратеник. И во општините немаме претставник од нашиот народ“, незадоволен е Хаџи Пируши од фирмата „Просперитет“ во Голо Бурдо.

Освен недостигот на претставници во власта, ниту еден официјален албански документ не укажува каде живее бугарската заедница. А на Бугарите им било се потешко да го докажат потеклото врз основа на извод од матична книга на родените, пишува „24 часа“.

„Порано Голо Бурдо беше самостојна општина, односно во изводот на родените пишуваше дека личноста е родена таму, а бидејќи се работи за компактно бугарско население, односно таму освен Бугари нема други луѓе, беше многу лесно да се утврди бугарското потекло на дотичниот кандидат Деновиве кога се ликвидирани овие општини ни се губи секаква трага чисто административно“, вели вонредниот професор Спас Ташев од Институтот за население и хуманитарни истражувања при БАН.

„Многу проблеми, документите доцнат, 3-4 години. Има луѓе што се откажуваат. Зошто?“, прашува Хаџи Пируши од Голо Бурдо.

Во октомври следува попис во Албанија, а паралелното движење со прашањето за поделба на општините, сепак, е загрозено од тамошните организации на Македонците кои имаат свој пратеник, се вели во материјалот.

„Васил Стерјовски е човекот кој тврди дека во Албанија има само Македонци, а не Бугари, како и дека Софија ја бугаризира Тирана. Стерјовски сака јасно да стави до знаење дека општините Голо Бурдо и Гора имаат македонско население. Од објавите на социјалните мрежи дури е јасно дека тој ја обвинува нашата земја за вештачки создавање заедници, што предизвикува потсмев кај луѓето таму. Но, нашите сонародници сакаат Бугарија да направи повеќе за своето тамошно малцинство, особено со оглед на македонската пропаганда која функционира со години“, анализира медиумот од нашиот источен сосед.

„На Бугарите им треба поддршка – особено за бугарските училишта. Имаме неколку илјади Бугари од Албанија кои високото образование го завршиле во Бугарија. Овие луѓе можат да бидат мост на соработка. Има многу опции, но некој мора да ја координира оваа активност за Бугарија да може заштита на своите сонародници“, вели Ташев.

Слични содржини