ДИК ги објави конечните резултати за вонредните локални избори

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово.

Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците.

На изборите за членови на Советот на Општина Тетово, СДСМ освоила 1953 гласови или два мандати, ВМРО-ДПМНЕ 3.332 гласови и четири мандати, ДПА – 1058 гласови или еден мандат, Интегра – 161 гласачи и е без мандат, Група на избирачи Агон Заими 206 гласови и е без мандат, Алтернатива 1118 гласови односно еден мандат, Алијанса на Албанците 777 гласови и без освоен мандат, Беса 9620 гласови и освоени 12 мандати, ДПТМ 327 гласови и е без мандат, Група избирачи Ељмедина Абдулахи 675 и е без мандат, ДУИ 8.795 – 11 мандати, ПЦЕР 371 гласа и е без мандат, Левица 646 и е без мандат.

Неважечки биле 651 гласачко ливче. На изборите за советници во Тетово на гласање излегле 29.690 избирачи – 35,31 отсто.

Слични содржини