Маж пронајден починат, врз него паднало дрвото кое го сечел

од Берта Китинска
183 прегледи

На 22.08.2022 околу 19:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Огњанци, општина Петровец, бил пронајден починат Б.Н.(59) од с.Огњанци.

Според пријавеното, врз него паднало дрво кое го сечел во негова нива. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.