Али пристигна во Истанбул како голема ѕвезда

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али синоќа пристигна во Истанбул за да го финализира трансферот во Бешикташ. 26-годишниот играч за врска ќе игра како позајмен за „орлите“, кои по завршувањето на сезоната ќе имаат опција да го земат трајно за шест милиони фунти. Тој ќе бара да ја рестартира кариерата во Турција по многу лошата сезона во Евертон. Али одигра само 13 натпревари за „карамелите“ без посебен ефект.

Голем број на ентузијастички навивачи на Бешикташ синоќа го пречекаа Али на аеродромот Ататурк. Поранешниот играч од средниот ред на Тотенхем денеска треба да ги помине медицинските прегледи пред да го потпише договорот. Доколку се пријави навреме, тој ќе дебитира за својот нов клуб во понеделник против Сиваспор.

Тимот на Валериен Исмаел добро ја започна сезоната и освои седум бода во првите три кола, делејќи го првото место со три други екипи – Фенербахче, Истанбул Башакшехир и Газиантеп.

Слични содржини