Трајановски: Пациентот од Берово на Ургентен во Скопје бил примен во многу тешка состојба

од Берта Китинска
212 прегледи

На ден 23 пациент од Берово на возраст од 25 години е префрлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор, соопшти попладнево директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) Александар Трајановски.

„На ден 23.08 пациент на возраст од 25 години е префрлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор. Пациентот на прием со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал почина за помалку од 24 часа,“ кажа Трајановски.

Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во штипската болница.

Роднини на момчето на социјалните мрежи споделуваат дека починало оти во штипската болница дренот по интервенцијата на забот му бил ставен наопаку, поради што била предизвикана сепса, а било испратено дома.

Слични содржини