Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше избран за најдобар тренер на сезоната од УЕФА и ја доби својата награда пред синоќешната церемонија за извлекување на групната фаза од Лигата на шампионите.
Италијанецот го освои турнирот по четврти пат и е број 1 по овој показател во историјата.
„Волшебната формула е страста што ја чувствувам за овој спорт. Но, важен е и квалитетот на играчите кои ги тренирам. Минатата сезона беше фантастична токму поради тоа што искуството на ветераните на совршен начин се комбинираше со енергијата на младите. Совршената хемија е на стадионот со нашите навивачи кои ни помогнаа да ги постигнеме нашите цели“, рече Анчелоти.
Италијанскиот стручњак го пофали и Карим Бензема, кој ја доби наградата за најдобар играч на сезоната од УЕФА.
„Не само јас, сите беа импресионирани од Карим. Тој е исклучителен фудбалер, не само стрелец. Работи со ентузијазам на секој тренинг и постојано го подобрува своето знаење за играта. Го чита фудбалот на прекрасен начин, знае да управува со моментите на натпреварите и е голем лидер во соблекувалната. Не му давам доверба од таа причина, туку затоа што е најдобар. Имаме среќа што е во нашиот тим и сите во Реал мислат така“, изјави Анчелоти.