Марсијал со нова повреда, Касемиро подготвен за деби

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Ентони Марсијал заработи уште една повреда. Ова го откри менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.

„Тој излезе од натпреварот со Ливерпул со проблем со Ахиловата тетива. Не можам да кажам колку долго ќе биде надвор од теренот“.

Сепак, новото засилување Касемиро е подготвен за деби. Бразилецот може да игра утре против Саутемптон.

„Касемиро е во добра физичка кондиција, учествуваше на сите тренинзи по неговото пристигнување“, објасни тренерот.

Тен Хаг го коментираше расположението во тимот по победата на Ливерпул: „Расположението беше добро, сега е уште подобро. Но, ова е само еден натпревар и треба да градиме повеќе, да се развиваме“.

Тој зборуваше и за селекцијата. „Не знам дали ќе биде преполно. Ни требаат играчи, но тие мора да бидат вистинските. Задоволни сме од тоа што го направивме досега“, објасни Холанѓанецот.