Интер сака да потпише со уште еден слободен играч

од Vladimir Zorba

Раководството на Интер се обидува да обезбеди уште едно летно засилување на слободен трансфер. „Нероазурите“ веќе ги договориле условите со Пјотр Зелински од Наполи и Мехди Тареми од Порто.

Италијанскиот шампион сака да го ангажира и Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед. Францускиот напаѓач има договор до крајот на сезоната, по што го напушта „Олд Трафорд“, а Интер веќе почнал преговори со него.

Симоне Инзаги бара да го засили нападот за новата сезона, се очекува да си заминат неколку играчи и го сака Марсијал во својот тим. 28-годишниот Французин ужива се помалку доверба од Ерик тен Хаг и „црвените ѓаволи“ решија да не ја активираат опцијата за продолжување на неговиот договор за уште една сезона.

Слични содржини