Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Утрово полициски службеници од Бургас привеле околу 100 мигранти на булеварот Захари Стојанов.

Регистарскиот број на возилото е Скопје, Северна Македонија. Возачот е 60-годишен македонски државјанин.

Мигрантите се со авганистанско потекло и биле во каросеријата на камионот, пренесе БТВ. Тие се натоварени во областа Дебелт.

За случајот е поведена предистражна постапка.