Денеска во 06.45 часот било пријавено дека на бул.“Мајка Тереза“ патничко моторно возило “шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.С. излетало надвор од патот и удрило во бетонска ограда. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а исто така со телесни повреди се здобила и Д.К. (пешак) констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР за „Локално“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На истото место на 19-ти овој месец четворица малолетници беа тешко повредени откако со автомобил влетале најпрво во метална канделабра, па во бетонска жардињера на „Водњанска“.