226
Окружното обвинителство – Бургас до судот поднесе барање за определување мерка притвор против З.К. – државјанин на Северна Македонија.
Тој е обвинет дека незаконски им помогнал на 88 лица од авганистанско потекло да минат низ бугарска територија, објавија Апелационото обвинителство – Бургас.
Делото е извршено на 28 август 2022 година во градот Бургас.
Тоа е квалификувано според член 281 од Кривичниот законик на нашите источни соседи.