Денес во 04.25 часот на ул.„1511“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Д.К.(32) од с.Шупљи камен, кумановско и малолетничка од Скопје.
– Тие биле затекнати при обид да одземат патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки. Во близина на возилото бил пронајден предмет кој потекнува од друго кривично дело, а при преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена и одземена прашкаста материја, велат од МВР.