Пронајдени над триесетина мигранти од Сирија, Пакистан и Индија

од Nikola Popovski
194 прегледи

Над триесетина мигранти се пронајдени во струмичко, информира МВР.

Во текот на вчерашниот ден во 01:30 часот кај место викано „Осмиците“ на регионалниот пат Струмица – Суви Лаки, во патничко возило комби „мерцедес“, оставено покрај патот, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево биле пронајдени две лица- мигранти од Сирија.

-Подоцна, во 07:45 часот при проверка на теренот, во близина на местото биле пронајдени 35 лица мигранти, од кои 28 од Сирија, 6 од Пакистан и 1 од Индија, меѓу кои и две малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар Винојуг во Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.