На Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им се работи, не го бојкотираа само одморот, велат од СДСМ

од Берта Китинска
141 прегледи

На Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им се работи за граѓаните.Не го бојкотираа само одморот. Им заврши одморот и веднаш највуваат нова неработа, нови бојкоти и блокади на Собранието, и тоа во време на најголема економска и енергетска криза, велат од СДСМ.

-Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.А граѓаните им порачаа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека се против блокади, опструкции и деструкции и ги поразија на вонредните локални избори, на кои изгубија во две општини, а во третата имаа пад на гласовите, посочуваат од владејачката партија по најавената блокада на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.