Каевски: Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал струја по 4 пати повисока цена, во време без криза

од Берта Китинска
146 прегледи

Денеска, со документи, ќе покажаме зошто Христијан Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ и советник на Груевски за енергетика во време кога немаше енергетска криза.Во време на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски цената на струјата е зголемена за 100%, а Мицкоски набавувал струја 3-4 пати повисока од пазарната, од цената на светските берзи, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

-Овој документ (1) покажува дека во јануари 2017 година Мицкоски потрошил речиси 6 милиони евра за да купи 66.690 мегаватчаса електрична енергија, чија цена во одредени моменти ја платил и по 221 евро за мегаватчас.Во време кога немало никаква енергетска криза, ниту пак високи цени, и кога струјата вообичаено можела да се набави по околу 50 или 60 евра.Иако производната цена на ЕСМ во тој период била 45 евра за мегаватчас Мицкоски купувал и по и и по 220 евра.Тоа е разлика од околу 3 милиони евра, директно врз грбот на граѓаните.Да ја произведел таа енергија од домашно производство, наместо да ја купи, немало да ја оштети граѓаните и да морале да платат речиси три милиони евра повеќе.Еве ја вистината, Мицкоски се правдал дека струјата морал да ја купи затоа што му паднале блоковите во РЕК Битола. Тоа е во овој документ (2).Па како му паднале блоковите во РЕК? Нели работел како што треба, нели ги одржувал?Објаснува дека имало ниски температури во Битола во јануери. Замислете.Вистината е дека ниту ги одржувал, ниту се грижел за РЕК а најмалку работел како што треба.Тоа истиот Мицкоски што пишува статуси на социјалните мрежи за струјата, зборува за цени и меша баби и жаби во време на најголема економска и енергетска криза.Денеска домашното производство на струја е највисоко ниво, државата субвенционира 80% од цената за домаќинствата и се преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните, во услови на најголема економска и енергетска криза.Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ кој нема никаков кредибилитет да зборува за енергетика, посочува Каевски.

Слични содржини