Скопјанец во склад во Арачиново тргувал со отпад

од Берта Китинска
211 прегледи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.М.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”.

Како што информира МВР, на 15 февруари годинава полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини лоцирано на влезот во општина Арачиново.

Таму полицијата го затекнала пријавениот З.М. како во моментот на контролата неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност – Складирање и третман на отпад издадена од Министерството за животна средина.