Млад човек киднапирал авион во Мисисипи и се заканил дека ќе го урне во еден од ланецот супермаркети „Волмарт“.
Според американските локални медиуми, меѓу кои и Фокс, 29-годишен маж киднапирал авион и кружи над „Волмарт“ во градот Тупело, Мисисипи, заканувајќи се дека ќе се урне во објектот.
„Се молат граѓаните да ја избегнуваат областа додека не се добијат повеќе информации. Како што се движи авионот, опасната зона е многу поголема“, се вели во соопштението на полицијата.
NOW – Pilot threatens to crash a hijacked aircraft into a Walmart in Tupelo, Mississippi.pic.twitter.com/ITcj757113
— Disclose.tv (@disclosetv) September 3, 2022
Властите соопштија дека прво биле известени во 5 часот наутро за пилот кој прелетал со авион над Тупело, пишува Мирор.
Тие соопштија дека пилотот се јавил на 911 и се заканил дека намерно ќе го урне авионот во Волмарт во Западен Мејн.
Во видеото објавено на Твитер, се вели дека авионот лета непредвидливо во кругови над куќите и продавниците.
BREAKING: Pilot threatening to crash plane into Walmart in Tupelo, Mississippi, police say pic.twitter.com/znMlDj5M2N
— BNO News (@BNONews) September 3, 2022
Корисникот на Твитер кој го објави видеото рече: „Во моментов имаме 29-годишник кој украде авион и се заканува дека ќе го урне во нешто“. Навел и дека полицијата, брзата помош и противпожарните возила се насекаде во околината.
„FlightAware“ соопшти дека станува збор за „Beechcraft King Air 90“ во сопственост на „Southeast Aviation LLC“.